Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Потпишан меморандум за соработка со Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија

2024-03-01

Потпишан меморандум за соработка со Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија

На 29.02.2024 година пет члена делегација на Здружение на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија во состав Темелко Ристески- претседател, Ѓорѓи Тоновски, потпретседател, Филип Котели, почесен претседател, Живко Наумов, генерален секретар, и

Илија Глигоров, координатор остварија средба со Генералниот секретар д-р Саит Саити и претставници од стручната служба на Црвениот крст на РСМ при што се потпиша Меморандум за соработка помеѓу двете организации. Организациите се заложија за меѓусебна координација во делувањето за реализација на програми од областа на крводарителство, прва помош, здравствено-превентивни активности, социјално-хуманитарна дејност, дисеминација на Меѓународно Хуманитарно Право, подготвеност и одговор при катастрофи, имајќи ги во предвид пред сé потребите на ранливите категории на граѓани.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025